Tržišta

Заштита на личните податоци – комуникација со потрошувачите

Подравка ДООЕЛ Петровец, како контролор на личните податоци, ги обработува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20, 294/21 и 101/25) и преку ова известување Ви обезбедува информации за обработката на Вашите лични податоци.

Контролор:

ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Улица 9, број 4, 1043 Петровец, Република Северна Македонија.

Контакт на офицерот за заштита на личните податоци:

Т + 389 2 650 134
Е info@podravka.com.mk
W www.podravkagrupa.com

Вашите идентификациски, контактни и други лични податоци што ни ги доставувате ги обработуваме за следните цели:

  • прием и одговарање на Вашите прашања и забелешки

  • постапување по рекламации и приговори

  • постапување по Вашите барања

  • обезбедување корисничка и потрошувачка поддршка

  • водење евиденција за комуникацијата со потрошувачите

  • исполнување законски обврски

  • остварување и одбрана на правни барања

  • анализа на квалитетот и ефикасноста на работењето на контакт-центарот

Правниот основ за обработката зависи од целта и околностите на конкретниот случај и може да биде исполнување законска обврска на контролорот, извршување договор или преземање дејствија на Ваше барање пред склучување договор, како и легитимен интерес на Подравка ДООЕЛ Петровец, особено за водење евиденција за комуникацијата, унапредување на квалитетот на корисничката поддршка и поставување, остварување или одбрана на правни барања. Кога обработката се заснова на легитимен интерес, Подравка ДООЕЛ Петровец води сметка тој интерес да не преовладува над Вашите интереси, права и слободи.

Вашите лични податоци може да им бидат достапни на овластените вработени во Подравка ДООЕЛ Петровец, на друштвата во рамките на Подравка Групацијата кога тоа е потребно за постапување по Вашето барање, на договорните обработувачи кои обезбедуваат услуги за Подравка ДООЕЛ Петровец, на доставните служби и поштенските оператори кога е потребна достава на пратка, како и на надлежните органи кога доставувањето на податоците е пропишано со закон.

Подравка ДООЕЛ Петровец нема намера да ги пренесува Вашите лични податоци во трети земји или меѓународни организации, освен доколку за одредена услуга таквиот пренос е навистина предвиден, во кој случај ќе се применат соодветните заштитни мерки пропишани со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Податоците што се обработуваат заради постапување по прашања, рекламации и приговори се чуваат онолку долго колку што е потребно за остварување на целта за која се собрани, освен кога нивното подолго чување е неопходно за исполнување законски обврски или за поставување, остварување, односно одбрана на правни барања.

Во зависност од правниот основ и околностите на обработката на личните податоци, имате право да побарате:

  • пристап до Вашите лични податоци

  • исправка на неточни или нецелосни податоци

  • бришење на личните податоци кога се исполнети пропишаните услови

  • ограничување на обработката

  • преносливост на податоците кога е применливо

  • да поднесете приговор на обработката што се заснова на легитимен интерес

Вашите права можете првенствено да ги остварите со обраќање до контролорот, односно до офицерот за заштита на личните податоци, на следната електронска адреса: info@podravka.com.mk

Доколку сметате дека со обработката на личните податоци се повредени Вашите права, имате право да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје, е-пошта: info@privacy.mk.

Доставувањето одредени лични податоци е неопходно за да можеме да го разгледаме и решиме Вашето прашање, приговор, рекламација или друго барање. Доколку не ни ги доставите податоците што се неопходни за постапување, можно е да не бидеме во можност да постапиме по Вашето барање или да ја обезбедиме бараната услуга.

Подетални информации за обработката и заштитата на личните податоци се достапни на: ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ | Podravka.